Утрово три активни пожари во Македонија, два се под контрола

Утрово во Македонија има три активни пожари, информираа од Центарот за управување со кризи.

Активни се пожарите во Општина Македонски Брод во повеќенаменското подрачје Јасен, каде гори мешана шума, во Општина Сарај во селото Радуша кон селото Дворце, каде гори ниска вегетација и во Општина Македонски Брод во селото Крапа, каде гори ниска вегетација и нискостеблеста шума.

Под контрола се пожарите во Општина Крива Паланка, во атарот на селото Нерав, кај место викано Биљино, каде гори ниска вегетација и шума и во Општина Кичево во селото Челопеци, каде гори нискостеблеста шума.

Изгаснати се 28 пожари.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести