(Вознемирувачко фото) Куче врзано за автомобил го влечат по асфалт во Крива Паланка

На социјалните мрежи се појавија вознемирувачки фотографии од малтретирање на куче во Крива Паланка, кое е врзано за автомобил и го влечат по пат.

За, случајот информираше активистката Емилија Симоновска на нејзиниот Фејсбук-профил, наведувајќи дека лицето се вика Ѕвонко.

Веднаш потоа, полицијата реагирала и го нашла сторителот, против кој ќе има постапка. Агенцијата за храна и ветеринарство го одзела кучето, кое за среќа е згрижено и во стабилна состојба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Познат идентитетот на мажот од Крива Паланка кој влечеше куче со автомобил

(Фото) Пожарникари од Крива Паланка го спасиле кучето кое беше влечено по асфалт, било фрлено во речно корито

Фото: Фејсбук/Симоновска/ТПЕ Крива Паланка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести