Објавена фотографија од убиениот Македонец во Боливија

Локалните медиуми во Боливија објавија фотографија од убиениот Дејанчо Лазаревски (42) од Струмица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Македонец од Струмица со двајца Срби убиен во Боливија

Претходно српските медиуми објавија дека тој заедно со уште двајца Срби бил убиен во Санта Круз.

Од македонските власти се уште нема потврда за оваа информација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МНР чека потврда дали Македонец е убиен во Боливија

Објавена е фотографија и од 38-годишниот Милан Џекиќ од Ниш, а на третото лице се уште не му е познат идентитетот.

Локалниот весник во Санта Курз, „Ел Дебер“ објави и дека Лазаревски бил бугарски државјанин, односно имал бугарски пасош.

Како се убиени?

Обдукцијата потврди дека еден од нив починал од прострелна рана во главата, а другите двајца од повеќекратни повреди на главата и повеќекратни повреди предизвикани од траума со тап предмет, повреди што се конзистентни со акти на тортура, пренесоа локалните медиуми.

Неофицијално, тие биле убиени во престрелка помеѓу нарко картели, а телата им биле пронајдени во црни вреќи.

Тројцата подолг период биле во Боливија и соработувале со т.н. балкански картел.

Фото: NTV/RED UNO/Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести