Маж на возраст од 52 години загинал откако во петокот со мотоцикл удрил во паркирано возило на регионалниот пат Велес– Градско.
Станува збор за Д.Н. од Градско, а како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Велес, од повредите починал на лице место.
Починатиот со мотоциклот удрил во возило „фолксваген поло“ кое од страна на Ј.К. (37) од Градско било паркирано надвор од коловозот.
Неговото тело е дадено на обдукција.
Фото: Унсплеш