Од вечерва на полноќ бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 поевтинуваат за половина, а дизелот за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 74 денари за литар, а цената на Еуросупер БС-98 ќе биде 76 денари за литар.
Цената на дизелот пак ќе изнесува 67 денари за литар.
Се намалува и цената на Мазутот м-1 НС за 1,1 денари и сега тој ќе се продава за 38,6 денари за килограм.
Цената на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) исто така се намалува за 1 денар и сега истото ќе се продава за 67 денари за литар.
Фото: Unsplash