За нов претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) откако Татјана Димитровска поднесе оставка, откако беше обвинета за две кривични дела, од кои едното е поврзано со обвинет во случајот „Адитив“, се пријавиле 13 кандидати.
Поради престојните локални избори, процедурата за избор на нов претседател на Антикорупциската ќе продолжи во ноември, а во меѓувреме познати се имињата на кандидатите.
Порталот „360 степени“ ги објави имињата на кандидатите, а меѓу нив има од економисти до правници.
Кандидати се: Бранко Смилевски од Скопје, дипломиран економист, кој е и магистер на науки за антикорупција, м-р Благица Трошанска од Скопје, дипломиран правник, која е и магистер на политички науки, Феузи Џафери од гостиварското село Чајле, дипломиран правник кој има положен правосуден испит и е магистер по дипломатија, проф. д-р Кимо Чавдар од Скопје, кој е дипломиран правник со положен правосуден испит и е доктор на политички науки, Владимир Наумоски од Скопје, дипломиран правник со положен правосуден испит, кој е и магистер по деловно право, Весна Доревска од Скопје, која е дипломиран правник, Ненад Трифуновски од Тетово, кој е дипломиран правник со положен правосуден испит, Бранко В`чков од Скопје, кој е дипломиран криминалист, Валентина Тодоровска од Скопје, која е дипломиран правник со положен правосуден испит, Антонио Санев од Скопје, дипломиран правник, кој е и магистер по меѓународно право, Зоран Наумов од Кавадарци, кој е дипломиран економист, Костадин Кус Иванов од Скопје, кој е дипломиран економист и Адем Чучуљ од Скопје, кој е дипломиран правник.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е Цвета Ристовска, која е избрана за заменик-претседател на Антикорупциска
Каков имот пријавила Цвета Ристовска, која е избрана за заменик-претседател на Антикорупциска
Каков имот пријавила претседателката на Антикорупциска, Димитровска, која е обвинета за „Адитив“