До петок стабилно и топло време, за викендот повремен дожд и грмежи

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информираа дека времето во Македонија до петок ќе биде стабилно со пораст на дневната температура.

Ќе дува и умерен до засилен ветер од јужен правец.

За време на викендот пак времето ќе биде променливо облачно со услови за повремен локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер, а дневната температура ќе биде во опаѓање.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести