Освен за рудникот „Казандол“, кој нема повторно да се отвара, државата во арбитражна постапка ги добила и споровите со „Саса“, со што се заштедени 445 милиони евра и со „Гама“, со што Македонија заштедила над 5 милиони евра.
Вкупно со добиениот спор со „Казандол“, државата заштедила 516 милиони евра, кои требало да ги плаќа како оштета.
Информациите денеска на прес-конференција ги соопшти портпаролката на Владата, Марија Митева.
Таа информираше и дека актуелната Влада наследила осум арбитражни постапки, од кои три се инвестициски, а пет се трговски спорови.
Актуелната Влада наследила и најава за опомена за тужби за најмалку уште четири постапки, а вкупната потенцијална штета изнесувала 865 милиони евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Државата го доби случајот за рудникот “Казандол“, нема да плати оштета од 115 милиони евра