50-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во скопска Кисела Вода

Маж на возраст од 50 години бил пронајден починат денеска во раните утрински часови во неговиот дом во скопска Кисела Вода.

Станува збор за И.Н. од Скопје, а како што информираа од полицијата лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.

Неговото тело е дадено на обдукција.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести