Сè повеќе вниманието во борбата против пушењето е насочено кон пристап познат како „намалување на штетата“ – научно заснован и реалистичен принцип за поддршка на пушачите кои не успеале или не сакаат да се откажат од цигарите. Овој концепт станува сè порелевантен со растечката употреба на алтернативи без чад, додека во исто време продолжуваат дебатите за нивната безбедност и ефикасност.
Во овој контекст, професорот д-р Рикардо Полоза, директор на Институтот за интерна и итна медицина на Универзитетот во Катанија во Италија и еден од водечките европски експерти за намалување на штетата од пушењето, посочува:
– Намалувањето на штетата не значи промовирање на пушењето туку обезбедување помалку штетни алтернативи за оние кои не можат или не сакаат да се откажат – вели д-р Полоза.
Никотинот не е причина за рак, проблемот е во согорувањето
Доктор Полоза објаснува дека согорувањето на тутунот е главен извор на канцерогени супстанции штетни за телото. Клучно за пристапот за намалување на штетата, истакнува тој, е да се одвои никотинот од процесот на согорување.
– Видов пациенти кои се обиделе да користат производи од тутун со загревање или електронски цигари и по неколку дена целосно престанале да пушат иако претходно не планирале да го сторат тоа – вели д-р Полоза, давајќи пример од праксата.
Тој нагласува дека овие производи, вклучувајќи ги и никотинските ќесички, не вклучуваат процес на согорување и затоа не произведуваат јаглерод моноксид, гас што го ограничува протокот на кислород во телото и значително го зголемува ризикот од срцеви заболувања.
Д-р Полоза предупредува дека политиките што одбиваат да поддржат алтернативни производи всушност го попречуваат напредокот кон иднина без цигари.
– Одбивањето да се одобрат овие производи со изговор за прекумерна претпазливост, во пракса значи оставање на согорениот тутун како единствена достапна опција, што е спротивно на основните принципи за заштита на јавното здравје – додава д-р Полоза.
Диверзификацијата на алтернативите без чад е клучна за подобар избор
Докторот особено ја нагласува важноста на диверзификацијата на производите без согорување кои се научно засновани, истакнувајќи дека достапноста на вакви алтернативи им овозможува на пушачите да најдат решение кое најдобро му одговара на нивниот животен стил, а во исто време значително ги намалува ризиците по нивното здравје.
Осврнувајќи се на јазот помеѓу научните сознанија и јавната перцепција, д-р Полоза забележува дека пораките за јавното здравје честопати се замаглени од конфузија и дезинформации, особено кога во медиумите се истакнуваат индивидуални негативни примери, што придонесува за негативната перцепција за електронските цигари и другите производи без чад.
– Не постои универзално решение. Луѓето се различни и имаат потреба од различни опции. Сепак, колку е подобра понудата на помалку штетни алтернативи, толку се поголеми шансите поединецот да пронајде производ што му одговара и со тоа да го направи првиот чекор кон откажување од пушење – заклучува д-р Полоза.