Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизелот се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Бензинот Еуросупер БС – 95, со новата одлука ќе се продава за 75 денари за литар, Еуросупер БС – 98 ќе се продава за 77 денари за литар, а дизелот за 68 денари за литар.
Цената на Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) се зголемува за половина денар и истото ќе се продава за 67,5 денари за литар.
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,378 денари и сега ќе изнесува 38,265 денари за килограм.
Фото: Unsplash