18-годишен возач удрил во пешак во Кичево и побегнал, а поради сериозноста на повредите лицето подоцна починало.
„Вчера (25.08.2025) во 09:20 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Ф.Л.(18) од Кичево. Имено, околу 06:.55 часот на пешачки премин на бул.„Ослободување“, тој со патничко возило „цитроен саксо“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, урил во пешакот С.Ш. (82) од Кичево и го напуштил местото, но во 07.10 часот се вратил без возилото.
Притоа, пешакот С.Ш. се здобил со тешки тешки телесни повреди и по укажаната помош во болницата во Кичево, поради сериозноста на повредите, бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје каде што во 21:00 часот починал,“ информираа од Министерството за внатрешни работи.
Фото: Unsplash