Со реакција за кривичната пријава од Министерството за внатрешни работи на Фејсбук се огласи градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски.
Кривичната ја заработи, бидејќи вработил пензионер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривична за градоначалникот на Делчево
Неговата реакција Ви ја пренесуваме во целост:
-Вработувњето на административни службеници е регулирано со Законот за административни службеници и отпочнува со јавен оглас кој го објавува Агенцијата за администрација на својата интернет страна и во три дневни весници.
Комисијата за селекција за вработување по јавен оглас ја формира Агенцијата за администрација со Решение кое го потпишува директорот на Агенцијата. Постапката за селекција на кандидати по објавен јавен оглас исклучиво ја води Агенцијата за администрација (административна селекција, испит за административен службеник и проверка на веродостојност на докази и интервју).
По завршувањето на последната фаза (интервју) комисијата дава предлог листа на кандидати, а градоначалникот е врзан да го избере прворангираниот од листата.
Во конкретниот случај прворангиран и единствен кандидат по завршената селекција во три фази било избраното лице.
Значи градоначалникот за конкретното вработување има постапено согласно Законот за админинистративни службеници и не направил никаква злоупотреба.
Комисијата за селекција формирана од Агенцијата за администрација ја водела постапката за вработување, ги имала на увид сите доставени документи наведени во пријавата и не констатирала неправилности во однос на староста на кандидатот кој аплицирал, туку му е дозволено да ги помине сите фази на селекција и да биде прворангиран и предложено да биде избран како прворангиран, но и единствен кандидат и за кој е донесена Одлука за избор и Решение за вработување по јавниот оглас.
Градоначалникот нема законска обврска да врши увид и проверка во доставената документација на вработеното лице, од причина што со Законот за административни службеници, таа обврска е дадена на Комисијата формирана од Агенцијата за администрација.
Нема никаква злоупотреба на службената положба, градоначалникот постапил согласно Законот и донел Одлука за избор и Решение за вработување на административниот службеник направената селекција на кандидатите, кои успешно ги поминале сите фаза на постапката за селекција и истата ја објавиле на веб страната на Агенцијата за администрација и предложиле на институцијата завршена постапка водена од страна на Агенцијата за администрација.
Фото: Фејсбук/Трајковски