Горивата од вечерва на полноќ поскапуваат за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 76 денари за литар, на Еуросупер БС-98, 78 денари за литар, а на дизелот 69,50 денари за литар.
За еден денар се зголемува и цената на Екстра лесното масло за горење, кое ќе се продава за 69 денари за литар.
Цената на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,245 денари и сега изнесува 37,148 денари.
Фото: Unsplash