Тројца од повредените пожарникари во пожарот во „Макпрогрес“ пуштени на домашно лекување

Од болницата во Кочани вчера информираа дека тројца од повредените пожарникари во пожарот во “Макпрогрес“ се пуштени на домашно лекување, а четвртиот е испратен на дополнителни испитувања во Клиничката болница во Штип.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

13 хоспитализирани по пожарот во „Макпрогрес“, меѓу нив пожарникари и вработени: Детали од Министерство за здравство

Еден од пуштените пожарникари е од Свети Николе, а двајца се од Виница.

Сите пожарникари кои беа хоспитализирани во кочанската болница имале изгореници од прв степен на долните екстемитети, што ги добиле при гаснењето на пожарот во фабриката, кога западнале во стопена течна маса од шеќер, посочија од болницата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Неколку пожарникари повредени при гаснењето на „Макпрогрес“: Чизмите им останале во стопениот шеќер, згазнале во стопна смола

Од Министерството за здравство пак информира дека дел до осуммината вработени во „Макпрогрес“ кои беа хоспитализирани на Клиниката за токсикологија во Скопје исто така ќе бидат пуштени на домашно лекување.

Нивната здравствена состојба е стабилна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е “Макпрогрес“ во чија фабрика „Винчини„ имаше голем пожар

Да купуваме производи на “Макпрогрес“, да помогнеме да се обнови побрзо фабриката “Винчини“ и вработените да се вратат на работа

(Видео) Објавени вознемирувачки снимки од пожарот во „Макпрогрес“

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести