Маж на 30-годишна возраст вчера загинал при несреќа во фабрика во Делчево.
Станува збор за В.Р. од Делчево, кој како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Штип паднал од висина од околу три метри и се здобил со тешки телесни повреди.
На пат кон Клиничката болница во Штип им подлегнал на повредите.
Неговото тело е предадено на обдукција.
Фото: Унсплеш