Албанија ќе го отвори Кластерот 4 на шестата конференција за пристапување кон ЕУ на 16 септември, објави Советот на ЕУ.
Во овој кластер се вклучени поглавјата 14 (транспортна политика), 15 (енергија), 21 (трансевропски мрежи) и 27 (животната средина и климатските промени).Албанија до сега отворила четири кластери, во кои се вклучени 27 поглавја од преговорите.
Албанија аплицираше за членство во ЕУ во 2009 година, доби статус на кандидат во 2014 година, а првата меѓувладина конференција меѓу Европската Унија и Албанија се одржа во 2022 година.
Фото/Unsplash