Каде да паркирате ако одите на Пастрмалијада во Штип, Општината објави локации за најлесен пристап

Денеска и утре во Штип, по 16. пат се одржува традиционалната манифестација Пастрмалијада.

Од Општина Штип велат дека оваа манифестација е од големо значење за промоција на градот и неговите традиции, како и за унапредување на туристичката понуда во регионот.

-За сите посетители ќе бидат на располагање специјално определени паркинг простори на повеќе локации низ градот. Апелираме до граѓаните навремено да ги користат означените паркинг позиции, достапни на следниот ЛИНК, велат од таму.

Контролата, како што велат од Општината, ќе ја врши ЈП „Стипион“ во координација со надлежните служби, со цел безбедно и уредно паркирање.

За време на одржувањето на „Пастармалијада 2025“ ќе бидат ангажирани редарски служби и ќе бидат поставени информативни пунктови, со цел да се овозможи безбедност и навремено насочување на посетителите.

-Апелираме до сите да ги почитуваат насоките од надлежните служби и да придонесат кон одвивање на настанот во позитивен и празничен дух, велат од Општината.

Исто така, за полесно и побезбедно движење, Општина Штип и ЈП „Стипион“ организираат бесплатен градски превоз со специјални автобуски линии. Линиите ќе сообраќаат од најоддалечените паркинг зони и населби кон централниот дел на градот и локацијата на „Пастрмалијада 2025“.

Деталните информации за автобуските линии и движењето на возилата во живо се достапни на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За Пастрамалијада се бара место повеќе во Штип: Како да си резервирате место кај угостителите(Фото)

Два дена музика, забава и вкусот на Штип: Сите патишта водат на Пастрмалијада 2025, која ќе се одржи во петок и сабота

Фото: Општина Штип

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести