Што вели Лидија Димова за затворската казна

Лидија Димова, поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, која вчера беше осудена на затворска казна од две години за злоупотреба на службената позиција и овластување, во изјава за медиумите по изрекувањето на пресудата посочи дека се ослободува од вината за злоупотреба на европски пари, но дека е обвинета за непридржување кон постапките поврзани со делата што ѝ се товарат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лидија Димова осудена на две години затвор

Таа рече и дека судијката постојано повторувала дека парите за кои е обвинета потекнуваат од оперативниот фонд на Европската Унија, односно се европски пари, за кои претходно била ослободена од обвинување за злоупотреба.

„Не сум многу изненадена, особено затоа што во последните две-три недели се активираа луѓе кои се политички мотивирани, и мислам дека ова е уште една политичка игра. Во овој случај, и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ имаат корист од тоа јас да бидам осудена“, рече Димова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавила Лидија Димова, која е осудена на две години затвор

Фото: Димова/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести