Девојче на возраст од 12 години од Штип, три месеци било тепано и псхички малтретирано од врсничка на возраст од 13 години, која сето тоа го снимала со мобилен телефон.
Случајот во штипската полиција вчера го пријавила сестрата на девојчето, 25-годишната С.Д..
Од Секторот за внатрешни работи (СВР) Штип исто така информираа дека во полициската станица во присуство на нивните родители бил извршен службен разговор со малолетничката која го тепала и малтретирала девојчето и со уште еден малолетник.
-По целосно расчистување на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, велат од полицијата.