Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Од вечерва на полноќ за половина денар поскапува цената на Еуродизелот (Д-Е V)., одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Истиот од утре ќе се продава за 69,5 денари за литар.

Цените на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат.

Бензинот Еуросупер БС-95 и понатаму ќе се продава за 75,5 денари за литар, Еуросупер БС – 95, за 77,5 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство за 69 денари.

За 0,207 денари се зголемува и цената на Мазутот М-1 НС и сега ќе се продава за 36,947 денари за килограм.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести