Од денеска стапуваат на сила измените на Законот за безбедност, со кои се предвидуваат парични казни и за пешаците, но и за тие што возат велосипед или електричен тротинет.
Казнувањето ќе се врши преку системот „Сејф сити“.
Ако пешак биде снимен како разговара на мобилен телефон или е со слушалки, додека поминува на пешачки премин, казната е 40 евра.
Ако лице кое вози велоспиед, трактор, мотор или електричен тротиенет, го направи истото, казната е 50 евра.
Новите законски измени, од Нова година, предвидуваат и поригорозни казни за возачите кои ќе поминат на црвено или непрописно ќе паркираат, а ќе се “ловат“ со камерите на “Сејф сити“.
Фото: МВР