Како работеле Алфа, Алсат-М, Канал 5, Сител и Телма лани

Вкупните приходи што лани ги оствариле петте терестријални телевизии на државно ниво – Алфа, Алсат-М, Канал 5, Сител и Телма изнесувале 1,32 милијарди денари, а вкупните трошоци 1,19 милијарди денари, покажува Анализата на пазарот на Агенцијата за аудио и аудивизуелни медиумски услуги.

Заедничкиот резултат од работењето бил добивка во износ од 112,40 милиони денари.

Сите пет телевизии оствариле добивка од работењето.

Најдобар финансиски резултат имала Сител – од 98,76 милиони денари.

-Добивката на оваа телевизија е речиси двојно повисока од заедничката добивка на сите други телевизии на пазарот (на државно, регионално и локално ниво) во 2024 година. Овој е најдобриот остварен финансиски резултат во овој сектор од телевизиската индустрија во последните шест години, стои во Анализата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колкави приходи имале Алфа, Алсат-М, Канал 5, Сител и Телма лани

Илустрација: Агенција за аудио и аудивизуелни медиумски услуги

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести