Бројот на затруени средношколци од храна во киоск-сендвичарата во Штип од пет се зголеми на 15, информираа од локалниот Центарот за јавно здравје.
Од таму велат и дека се земени примероци од храната за лабораториско испитување, како и брисеви од работните површини во сендвичарницата, а резултатите се очекуваат најдоцна до утре.
Објектот е затворен и од Државниот здравствен и санитарен инспекторат и од Агенцијата за храна и ветеринарство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Петмина затруени од сендвичи со пилешки стек во штипска сендвичарница
Фото: Унсплеш