17-годишник од Скопје се обидел да го убие неговиот татко, заработи кривична

Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје поднесе кривична пријава против 17-годишник од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело – убиство во обид, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Инцидентот, според МВР, се случил на 6. септември годинава во семејниот дом на малолетникот, кој со остар предмет му нанел тешки телесни повреди на својот 51-годишен татко.

Полицијата интервенирала на местото на настанот, а целиот случај е целосно документиран.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести