Освен на Попова Шапка, денеска има снег и во Маврово.
Здружението за промоција на македонските ски-центри „Ски Македонија“ освен од Попова Шапка на својот канал на Јутјуб, емитува во живо и за состојбата во Маврово:
Граѓани на социјалните мрежи пак споделуваат фотографии со снег и од преминот Стража.
Снегот претходно беше најавен од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од каде пак за утре најавија снег и на повисоките населен места, освен на повисоките планини.
За викендот пак се очекува стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За утре се најавува снег и на повисоките населени места
(Видео) Падна првиот снег на Попова Шапка