Каков имот пријавила Лорета Георгиева, поранешната членка на Судскиот совет, која заработи кривична

Лорета Георгиева, судијката од Основен суд Струмица, која е поранешен член на Судскиот совет, е во фокусот на јавноста откако заработи кривична пријава од Министерството за внатрешни работи (МВР) за измама во службата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривична за Лорета Георгиева, поранешната членка на Судски совет: 15 пати зела пари за превоз, а ќерка и имала стан во Скопје

Таа се сомнични дека во периодот од август 2022 година до јануари 2024 година земала патни трошоци за патување на реалација Струмица-Скопје, иако во 2022 година нејзината ќерка се стекнала со стан во Скопје, а тоа не го пријавила.

Па така, според МВР, нејзе во тој период во вкупно 15 наврати и биле исплатени пари како надомест за патни трошоци, вкупно 291.040 денари, со што направила штета на буџетот на Судскиот совет.

Таа беше избрана за членка на Судскиот совет во 2018 година од редот на судии од апелационото подрачје Штип, а мандатот и истече во декември 2024 година.

еМагазин разгледа каков имот пријавила во Антикорупциската комисија.

Каков имот пријавила

Во земјава нема нема недвижен имот на свое име.

На име на сопругот пријавила куќа во Струмица, која е подарок, куќа пријавила и на име на свекрвата, исто така во Струмица, а на име на децата стан во Скопје.

На име на сопругот пријавила и неколку парцели земјоделско земјиште во Водоча, како и градежно изградено земјиште.

На свое име пак пријавила стан во Грција.

Пријавила и две возила, на име на сопругот и децата.

Пријавила и три кредити.

Нејзиниот сопруг и децата се сопственици и управители на три трговски друштва.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести