И во третиот квартал од годинава продолжува растот на цената на недвижностите во Македонија. Тие според податоци на Народната банка поскапеле за 25,1%, а најмногу расте цената на становите во Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цената на становите продолжува да расте, во третиот квартал недвижностите поскапеле за 25,1%
Државната агенција МИА објави дека во Штип исто така има раст на цената на становите и истата во споредба со лани е повисока за 35%, а раст на цената има и во трите квартали од годинава.
Просечната цена надминува 1.000 евра од метар квадратен, а цената за метар квадратен во новоградба достигна 1.380 евра.
За разлика од претходните години кога станови купувале државјани на Турција за своите деца студенти, сега воглавно купувачи се македонски граѓани.
Годинава во Штип се продадени 190 станови, а лани 125.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најмногу станови во Скопје се продаваат во Аеродром, квадрат најскап во Центар
(Галерија) „Како да сте на одмор“: 24 часа во комплексот „Diamond of Skopje“ на „Лимак“
Цената на становите продолжува да расте, во Скопје просечната цена над 1.800 евра за квадрат
Фото: Општина Штип