21-годишниот Македонец Сипковски, кој загина од експлозија на бомба во Белград, во Македонија имал “дебело“ криминално досие

Поранешниот ракометар на Вардар и модел, Мартин Сипковски, кој загина во стан во Белград, Србија, откако нестручно активирал бомба, како што објавија српските медиуми, во Македонија имал “дебело“ криминално досие, објавија македонските медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

21-годишниот Сипковски, поранешен македонски ракометар и модел загина во експлозија на бомба во Белград

Тој бил осуден за обид за убиство, за што добил затворска казна од седум години и шест месеци, но пресудата не била правосилна. Истиот се случил во септември лани во зграда на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје. При напад тој повредил едно лице со нож.

За тоа добил куќен притвор.

Од Македонија избегал најверојатно една недела пред експлозијата во Белград.

Министерството за внатрешни работи за него лани имало поднесено три кривични пријави за предизвикување општа опасност и за поттикнување и две за кривичното дело – помагање. Бил обвинет дека во ноември 2023 година запалил автомобл во Скопје. По неколку денови испукал и куршуми кон влезна врата од стан во Скопје, а истото го повторил и подоцна, на булеварот “АСНОМ“ во Скопје, кога испукал неколку куршуми кон паркирано патничко возило.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дали Македонецот Сипковски кој загина при експлозија на бомба во Белград е уште еден пропуст на македонските инстутуции?

Фото: Фејсбук/Сипковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести