За кои пратки до 22 евра ќе се плаќа ДДВ, а за кои не

Измените на законот за додадена вредност (ДДВ) кои предвидуваат плаќање данок од 18% и за пратки од странство до 22 евра е топ тема во јавноста и на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пратките од странство до 22 евра ќе поскапат за 18%

Предложените измени од Владата, на предлог на Министерството за финансии, се веќе во македонското Собрание, а за истите ќе се гласа по локалните избори.

Што предвидуваат измените?

Според предложените измени пратките од странство до 22 евра за кои досега не се плаќаше ДДВ ќе поскапат за 18%, бидејќи ќе бидат оданочени.

Нема да се плаќа данок за мали пратки од некомерцијална вредност, од физичко на физичко лице, чија вредност не надминува 22 евра. Но, тоа нема да важи за алкохол и алкохолни пијалаци, парфеми и тоалетна вода и тутун и преработки од тутун.

„Кога вкупната вредност на пратката која се состои од две или повеќе добра го надминува износот од 22 евра во денарска противвредност, ослободувањето се одобрува до тој износ за добрата кои доколку би биле увезени поединечно би биле ослободени.

Кога вредноста на поединечното добро го надминува износот од 22 евра во денарска противвредност, неговата вредност не може да се подели заради остварување на правото на ослободување до висината на тој износ“, се објаснува меѓудругото во предлогот.

Данок нема да плаќаат и домашните патници кои доаѓаат од странство, но само за предмети што се наменети за нивна лична потреба или, пак, за други предмети со мала вредност покрај предметите од личниот багаж, кои ги внесуваат од странство, а кои не се од комерцијална природа.

Ослободување од данок ќе има и за лекови што патниците ги носат за лична употреба или ги добиваат во пратки од странство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тему ни покажа колку не крадат македонските трговци

Тему “растура“ и во Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести