Добитник на Нобеловата награда за мир за 2025 година е Марија Корина Мачадо

Добитник на Нобеловата награда за мир за 2025 година е Марија Корина Мачадо, лидерката на опозицијата во Венецуела, а наградата ја доби за нејзината неуморна работа за промовирање на демократските права за народот на Венецуела и за нејзината борба за воспоставување праведна и мирна транзиција од диктатура во демократија.

Таа ја предводи опозициската партија Vente Venezuela.

Мачадо е една од основачите на Сумате, која промовира слободни и фер избори и спроведуваше обуки и мониторинг на избори, а во 2010 година беше избрана во Националното собрание, освојувајќи рекорден број гласови.

Режимот во Венецуела ја избрка од функцијата во 2014 година.

Во 2017 година помогна во основањето на алијансата Soy Venezuela, која ги обединува продемократските сили во земјата преку политичките линии на поделба.

Во 2023 година објави својата кандидатура за претседател на претседателските избори во 2024 година, а кога ѝ беше забрането да се кандидира, таа го поддржа алтернативниот кандидат на опозицијата, Едмундо Гонзалез Урутија.

Студирала инженерство и финансии и имаше кратка кариера во бизнисот. Во 1992 година ја основаше Фондацијата Атенеа, која работи за децата од улица во Каракас.

Најразочаран од одлуката ќе биде американскиот претседател Доналд Трамп, кој во неколку наврати посочи дека тој треба да ја добие оваа награда.

Фото: Фејсбук/Мачадо

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести