Од денеска стартуваат новите правила за влез во земјите на ЕУ: Каква е процедурата на граница

Од денеска стартуваат новите правила за влез во Шенген зоната на Европската Унија (ЕУ), кои неколку пати беа одложувани.

„При прв влез во ЕУ, граѓаните ќе мора да остават биометриски податоци – отпечаток од прст и фотографија. При првото патување по воведувањето на системот, патниците ќе поминат низ целосен процес на регистрација кој вклучува фотографирање, скенирање на отпечатоци од прсти и внесување на податоци од пасошот. За да се олесни процедурата, на граничните премини ќе има и пунктови за самопослужување, а можно е и претходно предрегистрирање преку мобилни апликации,“ велат од МВР

При следните патувања, контролата ќе биде значително побрза бидејќи податоците веќе ќе бидат складирани во системот и ќе се врши само нивна проверка.

Во периодот од октомври 2025 до април 2026 системот ќе се воведува по фази. Тоа значи дека дел од патниците сè уште ќе добиваат печат во пасошите, додека постепено сите гранични премини не преминат на целосна дигитална евиденција.

Од 10. април 2026 година, печатите во пасошите целосно ќе бидат заменети со електронски записи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грција од 12. октомври ќе ги применува новите правила за влез и излез од ЕУ

Фото/Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести