(Фото) По Кендал Џенер, Македонката Џоја во светска кампања за  L’oreal x mugler

Една од нашите најуспешни интернационални модели е Горјана Кулишевска –Џоја, која веќе со години работи за  многу светски брендови и дизајнери, па така настана и соработката со врвниот бренд за козметика Лореал.

„Токму оваа линија на козметика е во соработка со модниот дизајнер Тиери Муглер па затоа е насловена L’oreal x mugler. Како ексклузивно лице на оваа козметичка линија е познатата Кендал Џенер, а во новата кампања е токму нашата грациозна убавица Џоја.

Кулишевска е веќе долги години под договор со Јелена Ивановиќ и нејзината модна агенција, па токму затоа по нејзиниот престој во Милано и Париз работеше на многу модни кампањи и врвни дизајнерски брендови како Alexander McQeen и Moschino.

Со последната козметичка кампања од светски рамки за веќе докажан светски бренд, Џоја освен по убавината и нејзините совршени пропорции ќе остане запаметена како единствената Македонка која ја имала таа чест и привилегија да работи за светски бренд за козметика,“ изјавија за еМагазин.мк од нејзината матична агенција Моделс ИН од Скопје, кои веќе девет години веруваат во неа и се презадоволни од нејзините светски модни успеси.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести