Кој има најмногу претплатници, А1 Македонија или Македонски Телеком?

Најновите податоци на Агенцијата за електронски комуникации, заклучно со 31. март, покажуваат дека во уделот по број на активни претплатници, А1 Македонија има најмногу, 47,69 проценти.

Следат Македонски Телеком со 46,66 проценти, МТЕЛ со 3,83 проценти, Телекабел со 1,34 проценти, Мтелмобајл со 0,38 проценти и Греен Мобиле со 0,10 проценти. 

За период од четири квартали, Македонски Телеком бележи раст од 0,09 процентуални поени, А1 Македонија пад од 0,21 поен, Телекабел бележи раст од 0,05 поени, МТЕЛ раст од 2,75 поени, а кај Греен Мобиле нема промена. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести