Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северен ветер.
Под влијание на влажни воздушни маси, од среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, информираа од Управата за хидрометеоролошки работи.
Фото: Unsplash