За што разговарале Мицкоски и Фон дер Лајен

Вчера попладне во неколку часовна посета на Македонија беше претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која во Скопје ја заврши кратката посета на земјите од Западен Балкан.

Таа во Македонија за разлика од другите земји кои ги посети не даде изјава, како и што беше најавено, а имаше средба со премиерот Христијан Мицкоски, претседателот на Собранието, Африм Гаши и со претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Од Владата информираа дека на средбата се разговарало за “европската перспектива, напредокот на реформските процеси, економската соработка, енергетската безбедност и дигиталната трансформација“.

-Ја истакнав решеноста на Владата да ја забрза евроинтеграцијата на државата преку конкретни резултати и исполнување на европските стандарди. Посочив дека државата очекува од Европската Унија јасна и конкретна посветеност, како потврда на европската перспектива и поддршка за граѓаните кои со децении остануваат посветени на европските вредности.

Посетата на претседателката на Европската комисија претставува потврда на отворениот дијалог и заемната подготвеност за продлабочување на партнерството, во интерес на стабилноста, економскиот развој и европската иднина на земјата, кажал Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сиљановска-Давкова чека креативно решение од ЕУ за деблокада на европскиот пат, на средбата со Фон дер Лајен, изразила и спремност за македонско-бугарски разговори по локалните избори

Единствениот чекор за старт на преговорите е да ги направите уставните измени, порача Фон дер Лајен по посетата на Македонија

Урсула фон дер Лајен пристигна во Македонија

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести