Вчера во неколку часовна посета на Македонија беше претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која по средбите со државниот врв не даде изјава, како и што беше најавено, но за истите се огласи на социјалната мрежа Х.
Таа не порача ништо ново, како и што се очекуваше.
Повтори дека Европската унија (ЕУ) целосно ја подржувала земјата на нејзиниот европски пат и дека сме можеле да сметаме на Унијата.
-Следниот и единствен чекор пред почетокот на преговорите е јасен. Треба да ја направите договорената уставна промена. Топката е во вашиот двор. ЕУ е подготвена, напиша таа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија го добива првиот Национален центар за вештачка интелигенција „Везилка“
Во друг статус на Х, напиша дека ЕУ продолжувала со приближувањето на земјава кон ЕУ преку Планот за раст. Повтори дека во Македонија ќе се отворел центар за вештачка интелигенција, дека земјава се вклучува во Единствената платежна зона на Европа, како и дека Македонија од ЕУ добива 16 милиони евра, благодарение на направените реформи.
Посетата на Македонија беше во рамки на кратката посета на земјите од Западен Балкан, а во Скопје се сретна со премиерот Христијан Мицкоски, претседателката Гордана Сиљановска Давкова и претседателот на Собранието, Африм Гаши.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За што разговарале Мицкоски и Фон дер Лајен
Урсула фон дер Лајен пристигна во Македонија
Фото: Влада