Бранко Црвенковски нема да ги коментира фотографиите на кои е со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ

Поранешниот лидер на СДСМ и поранешен премиер и претседател на Македонија, Бранко Црвенковски, кој подолг период е повлечен од политичкиот живот, нема да ги коментира фотографиите на кои е со членови на владејачките ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, велат од неговиот Кабинет за весникот Вечер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бранко Црвенковски предизвика бура, фотографиран во друштво на членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ

Тој нема да ги коментира ни бројните реакции во јавноста, но и во политичките кругови.

– Поранешниот претседател Бранко Црвенковски останува на својот став да се воздржува од изјавите за која било тема, вклучително и за оваа, велат од неговиот Кабинет за Вечер.

На фотографиите направени во Охрид, Црвенковски на една е на маса со актуелниот градоначалник на Општина Охрид, Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ, кој е и кандидат за нов мандат, пратеникот на партијата, Саше Доневски и Јован Мирчевски, сопственикот на „Пупе компани“, а на друга е со носителката на советничката листа на ЗНАМ за Охрид, Марина Ѓорговска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Црвенковски не е во ЗНАМ, вели претседателот на партијата Димитриевски

Градоначалникот на Охрид вели оти случајно завршил на иста маса со Бранко Црвенковски

Фото: Инфомакс/Ѓорговска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести