Претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче не планира да поднесе оставка од лидерската позиција во партијата по вчерашниот прв круг од локалните избори.
Партијата во првиот круг освои градоначалници само во три општини, а во неколку оди во вториот круг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ во првиот круг има градоначалници во три општини
Тој синоќа изјави дека резултатот не бил посакуван, ама не бил лош, оти како што кажа партијата имала зголемување во бројот на гласови во споредба со ланската година кога се одржаа парламентарните избори.
Филипче најави дека ќе работел на “консолидација на партијата“.
-Има огромен број на луѓе кај кои што допираат нашите пораки и навистина ова е еден почеток, рече тој меѓудругото.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Падна бастионот на СДСМ – Струмица, нов градоначалник е Петар Јанков од ВМРО-ДПМНЕ
СДСМ вчера го изгуби и својот бастион – Оштина Струмица. Нов градоначалник на општината е кандидатот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Петар Јанков.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои кандидати за градоначалници на Општина Кочани одат во вториот круг
Изет Меџети го победи Бујар Османи уште во првиот круг
Фото: СДСМ