Опозициската СДСМ на вчерашните локални избори во првиот круг доби градоначалници во три општини.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Резултатот не е посакуван, ама Филипче нема да си поднесе оставка
Старо-нов градоначалник на Општина Крива Паланка, според податоци на Државната изборна комисија (ДИК) од 100% од избирачките места е Сашко Митовски, кој освои 50,96% од гласовите.

Нов градоначалник на Општина Кривогаштани, според податоци на ДИК од 100% од избирачките места е Игор Каравилоски, кој освои 50,67%.

Старо-нов градоначалник на Општина Богданци, според податоци на ДИК од 100% обработени избирачки места е Блаже Шапов, кој освои 50,03% од гласовите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Падна бастионот на СДСМ – Струмица, нов градоначалник е Петар Јанков од ВМРО-ДПМНЕ
Изет Меџети го победи Бујар Османи уште во првиот круг
Илустрација: ДИК













