За премиерот Христијан Мицкоски и лидер на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, која на вчерашниот прв круг од локалните избори, освои градоначалници во 32 општини, а во повеќе ќе биде дел и од вториот круг, темата со опозициската ДУИ, која изборите ги нарекуваше и “референдумски“ е затворена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг доби 32 градоначалници
Изјавата ја базираше и на неочекуваниот добар резултат на локалните избори на коалциониот партнер во Владата, коалицијата Вреди.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изет Меџети го победи Бујар Османи уште во првиот круг
Синоќа тој рече и дека нема да има предвремени парламентарни избори, а испрати и порака до лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
– Воедно овие избори се и порака за ДУИ. Кога Али Ахмети се удираше во гради дека менувал премиери, реков полека, смири се, почекај, непријатно ќе бидеш изненаден од резултатот. Ова е тој ден.
Она што е најважно е што на овие избори – политиките на етноцентризам, национализам и вештачки теми за орли и зајци, и теми кои се небитни за граѓаните, се поразени, рече тој меѓудругото.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Падна бастионот на СДСМ – Струмица, нов градоначалник е Петар Јанков од ВМРО-ДПМНЕ
Кои кандидати за градоначалници на Општина Кочани одат во вториот круг
Фото: ВМРО-ДПМНЕ













