На вчерашниот прв круг од локалните избори не се избра градоначалници во 33 општини низ Македонија.
Втор круг, кој ќе се одржи на 2. ноември ќе има во општините: скопски Аеродром, Брвеница, Валандово, Виница, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Зрновци, скопски Карпош, Кичево, Конче, Кочани, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Неготино, Пробиштип, Ранковце, Чешиново-Облешево, Боговиње, Дебар, Долнени, Тетово, Крушево, Лозово, Росоман, скопски Центар, Чучер Сандево, Струга, скопско Шуто Оризари, Куманово, Студеничани и Град Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вчера беа избрани 44 градоначалници. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата добија 32 градоначалници, владејачката коалиција Вреди, пет, ДУИ и коалицијата, четири, а СДСМ и коалицијата, тројца.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборите во три општини ќе се повторат бидејќи немаше доволна излезност
Поради тоа што немаше доволна излезност, првиот круг ќе се повтори во општините Маврово и Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа.
Засега е неизвесно и дали ќе има втор круг во Општина Старо Нагоричане, бидејќи кандитот кој води има освоено 50% од гласовите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг доби 32 градоначалници
Вреди доби пет градоначалници во првиот круг
СДСМ во првиот круг има градоначалници во три општини
Фото: Игор Бансколиев