Американско-британската компанија Бурсток ќе инвестира во наменската воена индустрија во Македонија.
Информацијата на Фејсбук ја соопшти македонскиот премиер Христијан Мицкоски, кој ја предводи македонската делегација на Самитот за Западен Балкан, кој денеска и утре се одржува во Лондон, Обединетото Кралство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Самит за Западен Балкан во Лондон: Мицкоски и лидерите од регионот се сретнаа со Кралот Чарлс
Тој информираше дека денеска е потпишан меморандум за разбирање со компанијата, и дека се работи за инвестиција до 150 милиони долари и дека истата ќе донесе и нови високоплатени 1.000 работни места.

Потенцира дека оваа инвестиција во воената наменска индустрија во земјава е само почеток и дека се очекува инвестициите во оваа индустрија да достигнат повеќе од 1 милијарда долари.
Бурсток има долгогодишно искуство во областа на одбраната, дипломатијата, безбедноста и разузнавањето, обуката, консултантски услуги и управување со проекти, како и специјализирана во поморскиот и воздухопловниот комерцијален сектор.
Фото: Влада