Во кои скопски општини становите се со највисоки цените

Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности покажува дека во третиот квартал од годинава, (кој се однесува на периодот од јули до септември), највисоки се цените на становите во три скопски општини.

Во Општина Центар, метар квадратен достигнува цена и од околу 3.100 евра, следи Оштина Карпош со просечна цена од 2.780 евра за метар квадратен, па Општина Аеродром со 2.400 евра за метар квадратен.

Воедно оваа се и највисоките цени за метар квадратен во Македонија.

Најмногу станови во овој период во Скопје се продадени во Општина Аеродром, 275, во Општина Центар, 236, во Општина Чаир, 133 станови…

Цената на становите во Македонија, почнувајќи од 2022 година, вртоглаво продолжува да расте, а посебно во главниот град Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Скопје станови се продаваат и за 3.000 евра за квадрат

По колку се продава метар квадратен во Скопје?

Цената на становите продолжува да расте, во третиот квартал недвижностите поскапеле за 25,1%

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести