Во 33 општини локалните избори за избор на градоначалник завршија во првиот круг, а за 11 има приговори, информираа денеска од Државната изборна комисија (ДИК).
Општините во кои гласањето за градоначалник е завршено и с со конечни резултати се: Берово, Битола, Василево, Вевчани, Гевгелија, Ѓорче Петров, Градско, Делчево, Демир Хисар, Желино, Зелениково, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Кисела Вода, Кратово, Крива Паланка, Липково, Новаци, Ново Село, Охрид, Петровец, Пехчево, Пласаница, Радовиш, Сарај, Свети Николе, Сопиште, Старо Нагоричане, Струмица, Теараце и Штип.
Единаесетте општини за кои има поднесено приговори, чиј краен рок беше вчера, и таму резултатите се уште не се конечни, а ќе бидат откако ќе одлучи ДИК или евентуално Управниот суд во втор степен се: Арачиново, Богданци, Босилово, Бутел, Велес, Гази Баба, Кривогаштани, Прилеп, Ресен, Чаир и Чашка.
За конечноста за резулатите за избор на советници во општините, ДИК соопшти дека во 64 општини нема поднесено приговори за гласањето на 19. октомври за избор на советници во општините и во сите овие општини гласањето во првиот круг е завршено и резултатите се конечни. Тоа се општините: Арачиново, Центар Жупа, Маврово Ростуше, Врапчиште, Град Скопје, Берово, Битола, Боговиње, Брвеница, Валандово, Василево, Вевчани, Гевгелија, Ѓорче Петров, Градско, Дебар, Дебрца, Делчево, Демир Капија, Демир Хисар, Дојран, Желино, Зелениково, Зрновци, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Конче, Кисела Вода, Кочани, Кратово, Крива Паланка, Куманово, Крушево, Липково, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Неготино, Новаци, Ново Село, Охрид, Петровец, Пласница, Пехчево, Пробиштип, Ранковце, Росоман, Радовиш, Сарај, Свети Николе, Сопиште, Старо Нагоричане, Струга, Струмица, Студеничани, Теарце, Тетово, Центар, Чешиново Облешево, Чучер Сандево и Штип.
За листите на советници или за гласање на советници во општините има поднесено 17 приговори по кои денеска ќе се одлучува. Тоа се за советите во општините: Шуто Оризари, Босилово, Прилеп, Гази Баба, Чашка, Аеродром, Долнени, Ресен, Бутел, Гостивар, Кривогоштани, Богданци, Чаир, Велес, Виница, Карпош и Кичево.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во кои 33 општини ќе има втор круг?
Во кои скопски општини ќе има втор круг
Фото: Игор Бансколиев














