Поранешниот директор на Клиниката за неврологија, докторот Игор Кузмановски, кој беше разрешен откако се појави снимка на која се гледа како користи дрога, ќе мора да помине спецјализирана обука од три месеци под водство на ментор и да полага испит за проверка на стручните знаења и способности, пред Лекарската комора да одлучи дали ќе му ја предложи лиценцата за работа, информираа од таму.
Како што е познато тој работел без лиценца од март, кога му истекла, а неколку денови пред скандалот побарал истата да му се продолжи.
Оваа одлука ја донела Комисијата за етички и правни прашања при Комората во однос на неговото барањето за продолжување на лиценцата.
Паралелно со оваа постапка, од Лекарската комора велат дека во тек е сеопфатна процедура и во врска со етичкото однесување на Кузмановски како лекар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лекарска комора засега не му ја продолжува лиценцата на разрешениот Кузмановски
Разрешениот Кузмановски парично казнет од Државниот санитарен и здравствен инспекторат
Каков имот пријавил Игор Кузмановски, разрешениот директор на Неврологија
Фото: Унсплеш














