Откако нафтената компанија „Лукоил“ беше санкционира од САД, од руската компанија, која е најголемо недржавно претпријатие во Русија, по приходи, најавија продажба на подружниците во странство, а за некои веќе добиле и понуди.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руската компанија како што е познато има подружница и во Македонија, „Лукоил Македонија“.
Компанијата во земјава има 40 бензински станици и нафтен склад во Штип. Редовно учестува на тендери за јавни набавки и има околу 550 вработени.
Македонската подружница не е на списокот на американското Министерство за финансии на 34. подружници кои се опфатени со санкциите.
Во регионот „Лукоил“ е присутна и во Србија и во Бугарија, и засега работи без проблеми и во трите земји.
Најсериозна е ситуацијата во Бугарија каде големата рафинерија „Нефтохим“ во Бургас, е во сопственост на „Лукоил“.
Фото: Фејсбук/„Лукоил Македонија“














