И Сашо Пивковски се повлече од вториот круг за градоначалник, ВМРО-ДПМНЕ доби нова општина

Уште еден независен кандидат се повлече од трката за градоначалник во вториот круг од локалните избори.

Независниот кандидат за градоначалник на Општина Могила, Сашо Пивковски на Фејсбук информираше дека се повлекува од вториот круг. Тој во првиот круг освои 37,07% од гласовите, а кандидатот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Драганчо Саботковски, 49,17%.

„Нашата сила е во заедништвото, не во поделбите. ВМРО-ДПМНЕ е мојата партија, мојот политички дом.

Како нејзин член секогаш сум се водел од идејата за чест, работа и почит кон луѓето. Така било и ќе остане.

Ќе продолжам да го поддржувам сето она што е во интерес на граѓаните и на вредностите за кои се залага оваа организација“, пишува тој меѓудругото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Милосим Војнески се повлече од вториот круг за изборите за градоначалник на Македонски Брод, ВМРО-ДПМНЕ доби уште една општина

ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг доби 32 градоначалници

Во кои 33 општини ќе има втор круг?

Фото: Пивковски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести