Препораки за заштита од грип

По информациите од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) дека две лица починале од сезонски грип, од таму излегоа и со општи мерки за кои препорачуваат да се применуваат во текот на целиот зимски период:

-Да се избегнува собирање и престој во простории каде престојуваат повеќе луѓе, особено да се избегнува близок контакт со луѓе кои се болни или сомнителни – кашлаат, киваат, имаат покачена телесна температура.

– Често да се мијат рацете со вода и сапун или дезинфекционо средство.

– Да се загреваат просториите за престој и често да се проветруваат.

– Препорачливо е топло, слоевито облекување, топли бањи.

– Да се пијат топли напитоци (чаеви и супи), овошни цедени сокови, вода со лимон.

– Да се земаат свежи продукти богати со витамини и минерали, најдобро овошје и зеленчук кои му се неопходни на организмот. Особено се пожелни продукти богати со витамин Ц (цитрони, лимони, портокали). Доколку не се располага секогаш со свежи прехрамбени продукти, може да се користат и мултивитамински напитоци и препарати.

– Практикување здрав начин на живот и навики, вклучително добар сон и одмор, здрава храна, одржувајте физичка и психичка активност, намалете го стресот. Силниот имунитет ќе ви помогне да останете здрави или полесно да се справите со грипот и заболувањата слични на грип. Сепак, дури и да сте совршено здрави и да имате силен имунитет, може да заболите од грип или заболување слично на грип.

Што доколку се разболите од грип?

Следете ги следните препораки:

– Останете дома и не одете на работа, во училиште или на места каде има многу луѓе.

– Одморајте се и земајте многу течности и лесна храна.

– Избегнувајте блиски контакти со лицата со кои живеете, не примајте посети додека сте болни.

– Покријте го носот и устата со шамивче при кашлање и кивање. По употреба, фрлете ги во корпа за отпадоци.

– Носете заштитна маска кога контактирате со своите блиски во домот, кога кашлате и кивате.

– Практикувајте често и темелно миење на раце со топла вода и сапун.

– Користете влажни марамчиња кои содржат алкохол или средство за дезинфекција на рацете.

– Избегнувајте допирање на очите, носот и устата со раце.

– Често проветрувајте ја просторијата каде престојувате додека сте болни.

– Одржувајте ја чиста вашата околина – предмети, површини со средства за хигиена на домот.

– Ако сте над 65 години или имате хронични заболувања, или доколку симптомите на болеста се влошуваат или траат повеќе денови – побарајте лекарска помош.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сезоната на грип започна, двајца починати, бројот на заболени се зголемува

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести