Tриглав Осигурување АД Скопје во првите девет месеци од годинава остварил нето добивка од 136,2 милиони денари, информираше Друштвото преку Македонската берза.
Нето приходите од премија на Друштвото изнесуваат 888 милиони денари, и истите во однос на истиот период лани се зголемени за 7%, односно за 59 милиони денари.
-Гледано аналитички, причините за растот се: раст на бруто премијата за 121 милиони денари, што делуваше позитивно на нето приходите од премијата. Значаен раст се забележува во класите за здравствено осигурување (раст од 40 милиони денари) и осигурување на кредити (раст од 30 милиони денари.
Раст на премијата предадена во реосигурување и соосигурување за 31 милиони денари, што делуваше негативно на нето премијата.
Промената во нето резервите за преносна премија, во споредба со 2024 година, влијаеше негативно за 31 милиони денари, велат од таму.
Приходите од финансиски вложувања на Друштвото изнесуваат 55 милиони денари и се за 11% повисоки споредено со лани, генерално поради зголеменото портфолио на Друштвото.
-80% од овие приходи се однесуваат на камати, а 3% се однесуваат на приходи од наемнини.
Останатите приходи од вложувања главно произлегуваат од курсни разлики и реализирани добивки од продажба на финансиски вложувања. Во овој период имаме и наплата на застарено побарување во износ од 1 милион денари, велат од таму.
Приходите по основ на провизии од реосигурување на Друштвото изнесуваат 81 милиони денари и се пониски за 7 милиони денари, односно за 8% во однос на лани, поради пониски провизиски стапки на предадената премија (различна структура).
-Oстанатите осигурителни приходи, заедно со останатите приходи се зголемени за 9% (1 милион денари) поради повисоки затезни камати од добиени судски спорови за регреси, велат од таму.
Нето расходите за штети на Друштвото се во износ од 352 милиони денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како работеше Tриглав Осигурување во првото полугодие














